Во киното „Фросина“ ќе може да се види филмот „Дејвид Линч, животот на еден уметник“ во кој Дејвид Линч нѐ води на едно интимно патување низ формативните години од неговиот живот. Од неговото идилично детство во мало американско гратче до мрачните улици на Филаделфија, го следиме Линч додека ни ги прикажува настаните што му помогнале да се оформи како еден од најенигматичните филмски режисери.
„Дејвид Линч: Животот на еден уметник“ нѐ воведува во уметноста, музиката и раните филмови на Линч, ги осветлува мрачните ќошиња на неговиот уникатен свет и на публиката ѝ овозможува подобро да го разбере Линч како човек и како уметник. Како што вели и самиот Линч: „Мислам дека секој пат кога ќе направите нешто, ќе насликате слика или што било, почнувате со идеи, но понекогаш минатото може да ги маѓепса тие идеи и да ги обои, и дури и ако идеите се нови, минатото ги обојува“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


