Николче Новески го одигра последниот меч за Мајнц пред своите навивачи и се прости од активната играчка кариера со победа против Келн од 2-0. Навивачите на Мајнц му приредија незаборавен спектакл, а во четвртата минута, што симболично го претставува неговиот дрес со број 4 сите на стадионот беа на нозе и го скандираа неговото име.
Истовремено беше истакнат и голем транспарент на кој пишуваше:
„11 Години, 345 натпревари, 13 погодоци, рекордер за автоголови, рекордер за настапи во Европските купови…Ти благодариме за се Николче Новески“.
Истовремено во Англија на „Енфилд роуд“ Стивен Џерард имаше емотивно збогување со навивачите и сите што се дел од Ливерпул, клуб каде ја мина целата своја кариера. Џерард од идната сезона ќе се пресели во САД, во МЛС лигата. Ливерпул загуби со 1-3 од Кристал Палас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ван Дајк бил близу смртта во 2012 година
-
Сензација во Белград: Црвена Ѕвезда го совлада големиот Ливерпул (Видео)
-
Игравме заедно за Англија и морав да глумам дека ги сакам, а не сакав со очи да ги видам – Џерард откри детали од својата кариера
-
Кутињо со порака за збогум: Секогаш ќе го носам Ливерпул во моето срце




