| четврток, 6 декември 2018 |

Игравме заедно за Англија и морав да глумам дека ги сакам, а не сакав со очи да ги видам – Џерард откри детали од својата кариера

Стивен Џерард откако ја заврши фудбалската кариера, досега има работено како гостин коментатор на англиските телевизии, тренер на младинскиот тим на Ливерпул и од оваа сезона менаџер на шкотскиот великан Ренџерс.

Џерард ги коментираше натпреварите на БТ Спорт во друштво со своите некогашни соиграчи од репрезентацијата, Мајкл Овен и Рио Фердинанд. Меѓутоа некогаш капитен на Ливерпул во последното интервју откри интересна приказна за односите со колегите во репрезентацијата.

-Додека играв за Ливерпул едноставно во тунелот не можев да ги смислам Гери неви и Рио Фердинанд, кога игравме против Манчестер Јунајтед. Потоа се случуваше заедно да играме за Англија и признавам дека морав да глумам дека ги сакам, а искрено не сакав со очи да ги гледам, кажа Џерард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top