| четврток, 6 декември 2018 |

Кутињо со порака за збогум: Секогаш ќе го носам Ливерпул во моето срце

Одличниот бразилски фудбалер, Фелипе Кутињо во текот на вчерашниот ден беше и официјално претставен како прво и мега засилување за Барселона во јануарскиот преоден рок, трансфер кој влезе во историјата на Барселона како најскап на сите времиња.

Тој доаѓа на „Камп Ноу“ за да го „покрие“ отсуството на неговиот сонародник Нејмар кој замина во ПСЖ. Иако навивачите на Ливерпул му замерија за начинот на кој реши да го остави клубот на половина сезона, Кутињо вчера на Инстаграм објавил прошталното писмо во кое вели дека клубот засекогаш ќе остане во неговото срце.

– Од самиот момент кога пристигнав во Ливерпул, јас и мојата фамилија се чувствувавме добредојдено и стекнавме многу пријатели во овој град. На теренот и надвор од него, ја почувствувавме убавината на овој клуб и на овие навивачи. Се надевам дека оставив добри спомени и моменти кои им донесоа радост на навивачите на Ливерпул.

– Кога дојдов во Ливерпул, бев свесен за големината и историјата на овој клуб, но тоа што го научив за време на мојата етапа во Ливерпул е срцето и уникатноста на овој клуб. Има сопствена личност и сопствен карактер. Си одам од Ливерпул поради тоа што Барселона е сон за мене. Ливерпул беше сон кој успеав да го реализирам и одвоив пет години од мојот живот на него. Една фудбалска кариера не трае толку долго и поради тоа сакам да играм во Барселона. Тоа е нешто што сакам да го доживеам и да уживам во истото се додека можам да го правам тоа.

– Се надевам дека фановите ќе ја сфатат мојата желба да доживеам нешто ново. Тоа не значи дека тие повеќе не се важни за мене, ниту фановите, ниту клубот. Ништо нема да го промени тоа што го чувствувам во срцето. Му посакувам на Јирген и на тимот само радости и големи успеси до крајот на сезоната и после тоа. Ова е неверојатен тим и секојпат се се подобри и подобри. И за крај, за најважните луѓе во Ливерпул, навивачите на овој клуб. Никогаш не можам доволно да ви се заблагодарам за она што ми го дадовте за време на моето време во клубот. Без разлика каде ќе одам во светот, до крајот на мојот живот, јас секогаш ќе навивам за Ливерпул. Вие, клубот и градот секогаш ќе бидет дел од мене. You’ll Never Walk Alone, пишува Кутињо во својата порака за збогум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top