| четврток, 6 декември 2018 |

Едмонд Темелко промовиран на Конвенцијата на левата коалиција

темелко

Албанската лева изборна коалиција Алијанса за европска Албанија (АСЕ) на Конвенција одржана во Тирана ги промовираше кандидатите за градоначалници за 61 општина, колку што Алабија има според новата административно територијална поделба.

Како што јави дописникот на МИА, меѓу промовираните кандидати за градонаќалници беше и Едмон Темелко, од редовите на единствнета партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, која е дел од ова коалиција.

Темелко на локалните избори на 21 јуни ќе се обиде по третпат да ја добие довербата на жителите на општина Пустец.

Македонската партија на овие локални избори излегува со советнички листи во 16 општини во Албанија.

Алијасата за европска Албанија, предводена од владејачката Социјалистичка партија на алабснкиот премиер Еди Рама ја сочинуваат 37 политички субјекти, додека во изборната коалиција на десницата Народна алијанса за работа и достоинство (АППД), предводена од демократите на актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, учествуваат 15 политички субјекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top