| четврток, 6 декември 2018 |

Темелко: Тоа за што се сомнева СЈО е без никаква основа

Слушнав обвинителката како вели дека мора да се стави мерка притвор бидејќи ќе имало избори во Македонија, а јас повторно ќе сум влијаел.

Ова денеска го истакна Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец, говорејќи во врска со неговото приведување минатата недела.

– Некому му пречело дека сум бил симпатизер на некоја политичка партија, а не разбрав како е работата. Слушнав обвинителката како вели дека мора да се стави мерка притвор бидејќи ќе имало избори во Македонија, а јас повторно ќе сум влијаел. Како да сум бил толку моќен да влијаам во резултатите од изборите во Република Македонија, бидејќи обвде има многу Македонци, за жал, кои немаат информации за Македонците во Пустец, Албанија. Си мислат дека ќе најдат некоја жена што питала на времето или дека луѓето се прости, не знаат дека ние сме со натпросечно образование и ја следиме политиката. Не може на никој од Пустец да му се каже дека тие од Пустец ќе го расипат резултатот, а се знае дека разликата од позицијата и од опозицијата е 200.000 гласови. Обвинението е дека сум влијаел во избирачкиот процес, врбување луѓе. И плус, поткупување. Тие се сомненија, нема обвиненија – истакна тој.

Тој вели дека неговото малолетно дете било истрауматизирано од начинот на апсење од страна на полицијата.

-Ги прашав дали имаат налог и како може така без ништо да ме апсат. Дури тогаш ми покажа еден документ потпишан од СЈО на кој пишуваше, да се лиши од слобода. Ме зедоа прво и ме донесоа во Ресен, а потоа во Битола. Нај трагично беше тоа што и детето беше тука кога излегов од станот и ми ставија лисици и цело време го гледаше тоа и доби траума бидејќи началникот сакаше да покаже сила – истакна Темелко.

Единствениот македонски градоначалник во Албанија, открива дека однесувањето на полицијата, а посебно на началникот од Битола, наликувало на грчките полицајци од минатото.


-Начинот на однесување на полицијата посебно на началникот на Битола наликуваше на, старите кај нас велат кокорофилак, а тоа е грчки полицаец од минатото, истакна Темелко, кој гостуваше во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ.

 

Темелко ја прераскажа голготата низ која поминале тој и неговото семејство кога полицијата му заѕвонила на вратата од неговиот дом.

-Без да покаже ни налог ни ништо, ѕвони на вратата и излегува жена ми, кои сте вие праша жена ми, а од таму велат отвори, без да каже ни полиција ни ништо. Жена ми им ја турна вратата, се исплаши, вели кои се овие непознати луѓе. Почнаа да тропаат силно на вратата, а јас и викам кој сака нека биде отвори. После кажаа дека се полиција и извадија значка. Дури не ме оставаше ниту да се облечам, по мене идеше. Јас одам во купатило, тој по мене иде, јас му велам абе човек од трет спрат кај може да избегам, чекај ќе дојдам. -Ќе видиш ти, ќе видиш ти, само тој збор го повторуваше. Без никаков налог беше, а јас го прашав дали има или нема документ, како доаѓа да ме уапси, додаде Темелко.

Градоначалникот на Пустец потенцираше дека началникот му покажал само еден документ потпишан од Специјално јавно обвинителство на кој пишувало да се лиши од слобода.

– Тоа е факт. Полицијата не ми даде никаков документ, ми дадоа само да потпишам дека сум приведен во полциската станица во Ресен, тоа не може никој да го негира. Побарав, ми го покажаа само документот од СЈО. Свесен сум дека немам направено никакво кривично дело и не дадов никаков отпор, само го замолив началникот да ми дозволи да се облечам бидејќи бев во пижами. Дури и тоа не го дозволуваше, да се напијам лекови. Дури не сакаше да ми даде да ги земам со мене лековите. Тоа беше нечовечко и нехумано однесување без одредена документација, вели Темелко и додава дека е достапен за сите институции.

Темелко вели дека од секогаш има едно потценување кон жителите во Пустец од една политичка структура овде во Македонија.

-И во право се жителите на Пустец што реагираат. Има една структура овде во Македонија, кај нас ги викаат умбендисани и си мислат дека многу знаат и дека се многу интелегентни и дека овие од Пустец иако сме од исти род, иста нација, сме прости и гледаат како со потценување.

-Начинот на однесување на полицијата посебно на началникот на Битола наликуваше на, старите кај нас велат кокорофилак, а тоа е грчки полицаец од минатото, истакна Темелко, кој гостуваше во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ.


Но тоа не е така, вели Темелко и додава дека луѓето од Пустец се образовани.

-Од транзицијата има веќе 20 години и луѓето си работат, си спечалија многу жители од општина Пустец, многумина имаат станови и куќи низ Македонија со чесно заработени пари и тоа не значи сега дека ако некој Македонец заработил пари и купил некој имот во Македонија регуларно дека тој е нечесник или пак да му смета некому. Зошто да му смета? Мене не ми е јасно. И тоа конкретно од една политичка структура. Има реакции од луѓето дека ги навредуваат оти се глупави. Но, ние сме образовани, ја пратиме и политиката и знаеме што е како е, додава градоначалникот на Пустец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top