| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски ја префрла топката на СЈО за незаконското приведување на Темелко

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, очигледно се обидува да се извади за случајот со незаконското приведување на градоначланикот на Пустец, Едмонд Темелко и ја префрли топката за случајот кај специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

oliverspasovski-mvr-luksuz-640x376

Одговарајќи на новинарско прашање „дали е вистина дека немало налог за приведување на Едмонд Темелко“, министерот за внатрешни работи истакна дека активностите кои се спроведуваат во однос на оперативната акција „Титаник“ ги води Специјалното јавно обвинителство и е постапено по нивна наредба.

– Сѐ што е преземено, е преземено врз основа на наредба на Специјалното јавно обвинителство – рече Спасовски.

Прашан зошто е приведен Темелко, а не и останатите осомничени, Спасовски повторно упати на одговор до СЈО бидејќи, како што посочи, тие ја водат оперативната акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top