Оваа влада веќе 9 години е на власт и доколку сакала да го промени името, ќе го сторела тоа, но името не е променето. Напротив, СДСМ го смени, истакна премиерот Никола Грувески на гостувањето во вестите на Сител, па додаде дека Зоран Заев е познат по изјавата дека ќе ја свитка кичмата.
-Ова е обид за манипулација. Со тоа што го објави не успеа да го постигне тоа што го сакаше, да не прикаже дека сакаме да и направиме лошо на Македонија. Колку и да сечел, лепел, се гледа дека станува збор за размена на мислења, истакна Груевски и додаде дека тиа е суштината на работата да се разговара и да се разменуваат мислења, да се најде решение.
Груевски додаде дека многу луѓе се нуделе да бидат посредници во разговорите, да помогнат со цел побрзо да се дојде до решение.
-За идентитетот од снимките се гледа дека за идентитетот сме сакале да добиеме гаранции преку резолуција на ООН и многу сум му благодарен за тоа на Заев. На снимките се слуша гласот на Јолевски кој вика дека бараме да се гарантира идентитетот преку резолуција од ООН, заклучи Груевски.
Ние, додаде Груевски, во неколку наврати потврдуваме дека кај нас ништо не би поминало без референдум.
-Токму во тие колку и да се креирани материјали не можел да го извади тоа дека збориме за референдум, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)