| четврток, 6 декември 2018 |

Осумина загинати при хаварија во фабрика во Кина

kina industrijaОсум лица загинаа, а две се повредени во инцидент во фабрика во северна Кина, при што дошло до истекување на јаглерод дисулфид, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил во фабрика на компанијата „Руиксин“ во округот Јанчанг во кинеската провинција Шанкси.

Кинеските медиуми соопштија дека тројца припадници на спасувачките служби се ставени по лекарска контрола, откако дошле во контакт со ослобедената хемикалија.

Причините за хаваријата засега не се познати, а властите покренаа истрага за целиот настан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top