| четврток, 6 декември 2018 |

Бегството на Заев од општинскиот Совет е признание за поткупот

zaev potkupЗоран Заев бега од итна седниците на општинскиот Совет, која ја советниците ја бараат откако беше објавена снимката на каналот Јутјуб на која експлицитно бара пари за поткуп. Опозицискиот лидер и струмички градоначалник не сака да се говори за примањето поткуп од 200.000 илјади евра. Бегството од таква седница се толкува како индиректно признавање на делото за кое е поднесено и обвинение.

Претседателот на Советот, Јосиф Христов, не го прифати барањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ за свикување вонредна седница, велејќи дека барањето не било уредно поднесено. Поради  скандалозната снимка беше побарана вонредна седница на советот во општина Струмица од советниците од ВМРО-ДПМНЕ за.

Струмичките советници велат дека ако не се свика седница, тоа докажува дека Заев е виновен и треба да си поднесе оставка. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат лично Заев да свикa седница на Советот, на која, според нив треба да одговори на прашањата поврзани со последните политички случувања. Доколку не ја свика седницата, тоа е доказ, како што наведуваат, дека е директно одговoрен и виновен и треба да си поднесе оставка.

 

– Го повикуваме Заев да свика седница на Советот на Општина Струмица и лично да им објасни на сите граѓани како се прават зделките во четири очи, како се плаќа една парцела државно земјиште на повеќе места и уште многу други прашања кои се од јавен интерес. Доколку Заев не собере храброст и не се појави лично да одговори на прашања на кои тој е најповикан да даде одговор, јавноста ќе се увери дека Заев е директно одговорен и виновен и како последица ќе мора да си поднесе оставка, рече Душан Спасов, советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица.

И покрај барањата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица градоначалникот да свика седница на општинскиот совет за да разговараат за актуелните случувања, Заев не сака да дискутира на отворена маса и бега од одржување на една тааква вонредна седница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top