Српскиот портал Телеграф.рс пренесува ставови на бројни домашни економски и политички експерти, како и сознанија од регионални разузнавачки служби, според кои заднината на оружениот судир во Куманово е во борбата за енергетска и економска превласт на Балканот.
Команетарите на познавачите на состојбата се дека ЕУ се обидува со сите сили да го спречи гасоводот, со што би ја намалила зависноста од Русија и би се заштитила од руското политичко влијание.
Македонија, земја која многу се надеваше на посакуваната гасификација која би и ја донела изградбата на Јужен тек, извиси кога проектот е откажан на иницијатива на ЕУ. Но Македонците видоа нова шанса кога Путин најави нов, турски тек, кој треба да минува низ Турција, Грција, Македонија и Србија, што од неважни ги направи големи играчи во таа приказна.
Премиерот Никола Груевски истакна дека во тоа гледа нова шанса за гасификација на Македонија, како и за солидна заработка од минување на гасот низ територијата. На нивна жалост, плановите и интересите на ЕУ се потполно спротивни на оние на Русија или малата балканска држава.
Според ставовите на експертите, ЕУ ги стави балканските држави во состојба да мора да се одречат од Турскиот тек така што го режираше нападот во Куманово, за да ја дестабилизира Македонија. Воедно, со веќе докажан рецепт, Западот за целиот зафат најде и адекватен соработник и тоа во лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев кој што е подготвен да стори се за ЕУ, само да ја добие поддршката и да дојде на власт.
Во нивната заедничка цел се обезбедени и снимки од прислушувани разговори, за да му бидат дадени на Заев. Целта на овие разговори, секако , е рушење на власта на никола Груевски, кој до сега докажа дека во прв план му се интересите на својата земја и дека не се потчинува на барањата и интересите на ЕУ. Во спротивно, тие не би дозволиле негово рушење.
Неодамна говорејќи како Заев го уценувал во неколку наврати, Груевски изрази загриженост заради соработката на Заев со странски разузнувачки служби.
-Го гледав и го слушав со свои уши лидерот на македонската опозиција како гордо полн со самодоверба ме информира дека странска служба му дала нелегални и незаконски материјал, делумно монтиран. Не можев да верувам дека човекот кој сака да ја води државата не крие дека соработува со странски разузнувачки служби- изјави тогаш Груевски.
Истовремено опозицијата на една прес конференција јавно се изјасни против Турски тек и ја критикуваше власта што прифатила толку скап проект.
Во прилог на тезата дека судирот во Македонија е искористување на опозицијата како средство за остварување на интересите на ЕУ е и изјавата на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во Белград, кој оцени дека нападот во Куманово се добро подготвени терористички акции.
Еу, според неговите зборови, не треба да зазема кукавички став дека станува збор за изолирана епизода.
-Убеден сум дека Брисел знае , но и дека со тоа ја оправдуваат неефикасноста на владините напори- додаде Лавров.
Тој наведе дека тука можеби станува збор и за менталитетот на конфронтацијата, но напомена дека истовремено се добива впечаток во контекст на одбивањето на Македонија да воведе санкции кон Русија и подготвеноста на земјата да учествува во проектот Турски тек.
-Не може да ги избегнеме чувството дека постои врска- нагласи Лавров и ја повика ЕУ да ја поддржи реализацијата на Турски тек, која ќе овозможи јакнење на енергетската безбедност на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.