Швајцарскиот тенисер Станислас Ваврника успеа синоќа на мастерсот во Рим кој се игра на земјена подлога да го елиминира токму „кралот“ на оваа подлога Рафаел Надал со 2-0 (7-6, 6-2) во сетови.
Надал на двапати имаше брејк во првиот сет, но не успеа да ја задржи предноста по добрата игра на Вавринка и сетот отиде во тајбрејк. И таму Надал обезбеди одлична предност, водеше со 6-2 на поени и имаше четири сет топки, меѓутоа сите ги пропушти, а потоа му дозволи на Вавринка да го добие сетот со 7-6, добивајќи го со 9-7 на поени тринаесеттиот гем.
Во вториот сет Надал психички падна по лошиот резултат од првиот сет и неговата игра комплетно се распадна. Вавринка поведе со 5-1 и рутински го комплетираше мечот освојувајќи го вториот сет со 6-2.
Вавринка во полуфиналето ќе ги одмери силите со својот сонародник Роџер Федерер, а во второто полуфинале во Рим ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Давид Ферер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.