Турција повика на решителни дејствија на земјите од НАТО против значајната закана од групата Исламска држава на нејзината граница. Tурскиот министер за надворешни работи Мевлуд Чавушоглу објаснил дека ова прашање ќе биде главна тема на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО што денеска и утре се одржува во Анталија.
– Турција е единствената земја членка на Алијансата, која има граници со Даеш, во Сирија и Ирак. Не е дозволива ситуацијата Даеш да биде на нашите граници. Тоа е значајна закана за нас, изјавил Чавушоглу тој, користејќи го арапскиот термин за ИД. Тој ја поздравли намерата на САД да ја обучат и екипираат сириската опозиција, истовремено забележувајќи дека тоа нема да биде доволно.
-Треба да се преземат други мерки. За да го искорениме тероризмот, треба да се зафатиме со базите на тероризмот, изјави тој и додаде дека и воздушните напади не се доволни.
Турција во минатото повикуваше на формирање безбедносна зона на сириската територија за да се заштитат нејзините граници, но оваа идеја наиде на ладен прием кај нејзините западни сојузници, забележаа француските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска