| четврток, 6 декември 2018 |

Најава за големиот народен собир в понеделник „Македонија силна“ (видео)

silna-mak_thumb_medium500_274

Владечајката партија ВМРО-ДПМНЕ објави дека заедно со македонскиот народ, со сите граѓани, со Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други ќе излезе на голем народен митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија.

На „јутјуб“ се појави видео со најава на големиот митинг кој ќе се одржи на 18-ти мај во понеделник во Скопје, со почеток од 20 часот.

Овој митинг ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој наш граѓанин. Граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците на Скопје за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас, за почитување на изборната волја, за отварање на нови работни места, граѓаните на Македонија ќе покажат дека се борат за новите фабрики и автопати. Граѓаните на Македонија ќе излезат за да дадат поддршка на безбедносните сили, за зачувување на државните приоритети и интереси. Граѓаните на Македонија ќе се борат за земјоделците, младите, пензионерите, работниците и сите други, изјавија од владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top