| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ прогласи победа во Пласница

Демократската унија за интеграции (ДУИ) прогласи победа на нивниот кандидат во општина Пласница уште во првиот круг.

Како што информира шефот на изборниот штаб на ДУИ, Абдилаќим Адеми, според податоците од партискиот аналитички центар, нивниот кандидат во Тетово води на речиси сите избирачки места.

Од партијата денешниот изборен процес го оценуваат како фер и демократски со забелешка дека на некои граѓани не им било овозможено да го реализираат своето гласачо право поради одредени причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top