| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кавадарци ќе се одржи јубилејниот државен фестивал на детски и младински хорови

unnamed

В петок, на 15 мај 2015, од 19.30 часот во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложба на цртежи “Скици 2014“. На изложбата со свои дела ќе се претстават повеќе познати академски ликовни уметници од Куманово (Момчило Аврамовски, Борис Кукуњавски, Трајко Тошевски, Александар Симоновиќ – Симо, Марија Величковска, Дејан Арсовски – Бабата, Зоран Арсовски – Бабата, Далибор Крстевски и Наташа Петковска), што е исклучителна прилика за љубителите на ликовната уметност од Кавадарци да се запознаат со актуелната кумановска ликовна сцена.

Во вторник, на 19 мај 2015, со почеток од 20 часот, во Домот на културата во Кавадарци ќе гостува Народниот театар од Битола со претставата „Без паника“, работена по текстот “Паника“ на Миха Милиахо, а во режија на Благој Мицевски. Со претставата “Без паника“ во кавадаречкиот Дом на култура започнува месецот на Театарот, во кој кавадаречките љубители на театарската уметност ќе можат да уживаат во повеќе театарски претстави (1 јуни – “Ах, љубов моја“ – Театар “Комедија“, автор и режија Коле Ангеловски) за да театарскиот месец кулминира со хит претставите на Театарот при Домот на културата од Кавадарци „Сомнително лице“ и „Лазо“ кон крајот на месец јуни.

Богатиот со настани месец мај во Кавадарци го најавува и јубилејниот (50 години) Државен фестивал на детски и младински хорови кој ќе се одржи на 23 и 24 мај 2015.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top