| четврток, 6 декември 2018 |

Косовската полиција претресувала и во домовите на терористите вмешани во нападот во Куманово

Three police officers injured in Kumanovo shooting

Косовската полиција денеска соопшти дека извршила претрес во неколку куќи во различни делови на Косово, меѓу кои и во домовите на терористите вмешани во инцидентот во Куманово за време на минатиот викенд, јави БТА, пренесе МИА.

Според портпаролот на косовската полиција, акцијата е преземена врз основа на обвиненијата на македонските власти дека вооружени лица од Косово планирале терористички напади чија цел била дестабилизација на Македонија.

Агенцијата потсетува дека најголемиот број од уапсените вооружени терористи во Куманово потекнуваа од Косово.

Некои од терористите вмешани во инциднетот се поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои биле вклучени во конфликтите во Косово во 1999 година и во Македонија во 2001-та, наведува БТА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top