Косовската полиција денеска соопшти дека извршила претрес во неколку куќи во различни делови на Косово, меѓу кои и во домовите на терористите вмешани во инцидентот во Куманово од минатиот викенд, јави БТА.
Според портпаролот на косовската полиција, акцијата е презмена врз основа на обвиненијата на македонските власти дека вооружени лица од Косово планирале терористички напади чија цел била дестабилизација на Македонија.
Агенцијата потсетува дека најголемиот број од уапсените вооружени терористи во Куманово потекнуваа од Косово.
Некои од терористите вмешани во инциднетот се поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои биле вклучени во конфликтите во Косово во 1999 година и во Македонија во 2001 година, наведува БТА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации