Москва не исклучува дека влошувањето на ситуацијата во Македонија може да е поврзано со одбивањето на земјата да воведе санкции против Русија, какви што воведоа западните земји поради наводната руска улога во украинската криза, како и поради поддршката на македонските власти на идејата за гасоводот „Турски тек“, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров за време на посетата на Србија.
– Во врска со македонските случувања, веројатно се покажува она што јас го нарекувам менталитет на конфронтација, односно или – или. Не можам да судам со крајна увереност, но објективно произлегува дека настаните во Македонија се развиваат во заднината на откажувањето од страна на македонската влада да се приклучи на политиката на санкции против Русија и во атмосфера на активната поддршка што Скопје ја пројави во однос на плановите за изградна на гасоводот „Турски тек“, на што се противат многумина во Брисел и преку океанот. Така што не можеме да го пренебрегнеме чувството дека има некоја поврзаност, изјави Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.