Франција предложи да го раскине договорот за испорака на бродовите-носачи на хеликоптери „Мистрал“, нудејќи да и врати на Русија 100 милиони евра помалку, отколку што таа платила аванс и тоа само под услов Москва да дозволи продажба на бродовите на трета страна.
Планирано е на Русија да и се понудат 784,6 милиони евра, што е многу помалку од 1,163 милијарди, колку што Москва наводно потрошила во овој проект, вклучувајќи го авансот, обуката и новата инфраструктура.
Русија разбирливо не се согласува со таквата понуда, тврдејќи дека странат која го раскинува договорот треба да ги надополни сите трошоци и загуби. Русија има намера да ги врати загубите поврзани со обука на 400 морнари од екипажоти изградабата на пристаништа за бродовите, покрај авансот од 892,9 милиони евра.
По разговорите со рускиот вицепремиер Димитриј Рогозин, Франција подготвува аргументи со кои ќе ја поддржи својата понуда. Москва во меѓувреме ќе го разгледа предлогот, а Париз ќе продолжи да губи по пет милиони евра месечно за одржување на бродовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.