| четврток, 6 декември 2018 |

Саем за деца и за семејство

Во „Сити мол“ во Скопје од 15 до 17 мај ќе се одржи Саем за деца и за семејство, на кој посетителите ќе се забавуваат со Трајче Георгиев и со „Златните славејчиња“.

На саемот ќе има и живи рептили, разни спортски активности и многу забава за најмалите. Ќе настапат училишни хорови и други секции од училиштата, а Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе реализира едукативни предавања за важноста на детските седишта во автомобилите, за велосипедистите и за пешаците.

Сите посетители ќе имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во „Дизниленд“ во Париз, телевизор, таблети, велосипеди и други вредни подароци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top