| четврток, 6 декември 2018 |

Петир: Политичарите во Македонија да ги стават интересите на народот во прв план

петир

Политичарите во Македонија мора да соберат сила и мудрост за надминување на сите разлики и во прв ред да го стават интересот на македонскиот народ. Ова е пораката на хрватската европратеничка Маријана Петир, која е и член на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, како и на Мешаниот комитет на Европарламентот и македонското Собрание.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, европратеничката Петир во изјава за МИА ја истакна својата загриженост за последните случувања во Република Македонија, потенцирајќи дека тие влијаат земјата се повеќе да се оддалечува од својата цел, а то ае интеграција во Европската унија.
– Како член на Комисијата на ЕП за односи со Македонија, јас во неколку наврати јавно ги повикав Европскиот совет и Европската комисија, без одложување да се одреди датум за почеток на преговорите со Македонија. Земјата тоа го заслужува поради исклучително високото ниво на подготовка, потенцира пратеничката во Европскиот парламент.
Сепак, Петир напоменувана дека е загрижена за внатрешно-политичките односи во Македонија, каде, според неа е видливо отсуството на дијалог меѓу опозицијата и Владата.
– Во таквата ситуацијата, опозицијата своеволно не учествува во работата на Собранието, што се повеќе ја оддалечува Македонија од посакуваната цел. Доколку на политичарите во Македонија им е до тоа за Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската унија, тие мора да соберат сила и мудрост за надминување на сите разлики и во прв ред да ги стават интересите на македонскиот народ – порачува Петир која е пратеник од редовите на Европската народна партија (ЕПП), најбројна партија во Европарламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top