| четврток, 6 декември 2018 |

Бомби, крв, солзи и прекин на дербито Бока – Ривер (видео)

Прекрасен почеток со феноменална кореографија и лош крај и прекин имаше на вечното аргентинско дерби меѓу Бока јуниорс и Ривер плата. На легендарната „Бомбоњера“, стадионот на Бока, домашните навивачи приредија спектакуларно  шоу на стартот, но потоа дел од нив се претворија во вистински хулигани и беа главни виновници за прекинот.

boka

 

На стартот од второто полувреме, еден од хулиганите фрли солзавец во тунелот што води од соблекувалните на теренот, а двајца играчи на Ривер плата потоа беа погодени со факел и завршија во болница со изгореници. Настана вистински хаос, со многу солзавец, солзи, па и крв, по што мечот беше прекинат. Ривер плата го доби првиот меч од осминафиналето во Либертадорес купот со 1-0, а реваншот не го дочека крајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top