| четврток, 6 декември 2018 |

КИЦ во Софија ја претстави Македонија на „Европската ноќ на литературата“

Синоќа на 12 различни пункта, во центарот на Софија, како и во десет поголеми градови низ Бугарија, се одржа Европската ноќ на литературата, како дел од големиот книжевен проект, кој под покровителство на Европската асоцијација на културни институции (ЕУНИК) се одржуваше истовремено во 50 поголеми европски градови.
100_0234
На овој настан, литература се чита на необични места -„гнезда“, а публиката во текот на тричасовната програма можеше да проследи читања на кои свои автори претставија Австрија, Унгарија, Германија, В. Британија, Полска, Чешка, Русија, Шпанија и Бугарија. Нашата земја, преку нашиот Културно-информативен центар и оваа година учествуваше на овој настан, презентирајќи поезија од академик Богомил Ѓузел и Лилјана Дирјан, во амбиентот на поранешниот чехословачки клуб „Масарик“ во Софија. 100_0242
Стихови интерпретираа нашиот актер Иван Калошев и режисерот Ѓорги Георгиев-Антика од Штип. Според организаторите, меѓу кои е и нашиот Центар во Софија, годинешнава манифестација е исклучително успешна и посетена од повеќе стотици, во најголем број млади љубители на пишаниот збор.
100_0247

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top