| четврток, 6 декември 2018 |

Вечниот град стана место за откази, во Рим се повлече и Серена Вилијамс

Престижниот тениски турнир во Рим во ист ден остана без две големи ѕвезди по откажувањето на Енди Мареј и на Сеерена Вилијамс.

Шампионот од Мадрид, од претходниот турнир од мастерс серијата Мареј му го предаде без игра мечот на Давид Гофан, а нешто подоцна истото го стори и Серена Вилијамс, најтрофејната активна тенисерка на светот. И таа го откажа учеството во текот на турнирот, па без битка понатаму се пласира, нејзината сонародничка од САД, Мекхејл.

serena-vilijams

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top