| четврток, 6 декември 2018 |

МАНУ ги утврди кандидатите за нови членови

За Одделение за лингвистика и литературна наука како  дописни членови се предложени д-р Танас Вражиновски, проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Елизабета Шелева. За членови надвор од работниот состав се предложени академик Предраг Пипер и проф. д-р Јан Соколовски.

За дописни членови во Одделението за општествени науки на Академијата се предложени проф. д-р Драги Ѓоргиев, проф. д-р Изет Зекири, проф. д-р Елица Манева и проф. д-р Михаил Петковски.

За дописни членови во Одделението за медицински науки на Академијата предложени се проф. д-р Александар Димовски и проф. д-р Сашко Кедев. За членови надвор од работниот состав на МАНУ предложени се проф. д-р Клемент Клот Абу, проф. д-р Васа Антуновиќ и проф. д-р Димитар Ефремов.

За дописен член во Одделението за технички науки на Академијата кандидат е  проф. д-р Данчо Давчев, додека за членови надвор од работниот состав на МАНУ предложени се академик Стефан Воденичаров, академик Реџеп Меидани и проф. д-р Сашо Џеровски.

За дописни кандидати во Одделението за природно-математички и биотехнички науки предложени се проф. д-р Ненад Новковски, проф. д-р Трајче Стафилов и проф. д-р Ордан Чукалиев. За членови надвор од работниот состав на МАНУ предложени се проф. д-р Рос Геген, академик д-р Керсти Хермансон и д-р Андраж Чарни.

За Одделението за уметност предложени се проф. д-р Димитрие Бужаровски и проф. д-р Ферид Мухиќ, а за членови надвор од работниот состав проф. д-р Златко Крамариќ. За почесени членови предложени се проф. арх. Ѓорѓи Константиновски и Владимир Костов, соопшти денеска МАНУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top