| четврток, 6 декември 2018 |

Немања Бјелица е избран за МВП на Евролигата

Српскиот кошаркар Немања Бјелица е избран за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во Евролигата.
Во пресрет на фајналфор турнирот во Мадрид кој започнува во петок тој на свечена церемонија сосема заслужено го доби признанието.
Бјелица беше најдобар кошаркар во својот Улкер Фенербахче кој за првпат се пласираше на завршниот турнир во својата историја.
Тој неколку пати беше избран за играч на месецот во долгата сезона и немаше конкуренција за овој избор.

nemanja bjelica

Бјелица сезонава имаше одлични бројки од 11,9 поени, 8,6 скокови, 1,9 аситенции и 1,2 украдени топки по натпревар, со што крилниот центар воедно стана првиот МВП на Евролигата што доаѓа од клуб од Турција. Успехот на Фенербахче Улкер го комплетираше Богдан Богдановиќ, кој беше избран за „ѕвезда во подем“ на елитното европско натпреварување.

Фенербахче Улкер утре во второто полуфинале ќе се сретне со домаќинот Реал Мадрид, откако во првиот меч силите ќе ги одмерат ЦСКА Москва и Олимпијакос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top