| четврток, 6 декември 2018 |

По препораки на МВР, фудбалските натпревари в сабота и в понеделник без гледачи

Фудбалската федерација на Македонија преку својата веб-страница објави известување дека во согласност со безбедносни препораки од Министерството на внатрешни работи на Македонија, сите закажани натпревари во Прва МФЛ и Втора МФЛ ќе се играат без присуство на гледачи во закажаните термини.

Натпреварите од 31. коло од Првата фудбалска лига се планирани да се одиграат на 16 мај (сабота) и на 18 мај (понеделник), додека дуелите од 26. коло од Втората фудбалска лига се планирани да се играат на 16 мај (сабота).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top