Откако министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска си поднесе неотповиклива оставка, премиерот Груевски на нејзино место го предлага Митко Чавков.
Тој веќе 28 години работи посветено во МВР на сите нивоа почнувајќи од инспектор, па до директор на Бирото за јавна безбедност, именуван од Владата.
-Исклучително искусен човек, со ниту една дамка во својата кариера. Јас подобро го запознав во последниве неколку години, особено откако е на оваа многу одговорна функција која со голем професионализам ја извршуваше. Беше дел од успесите на МВР во изминатиот период и одлично е навлезен во започнатите реформи во министерството, но и во сите други активности на МВР. Со обзир дека е човек кој одлично го познава министерството, тој ќе знае да го извлече максимумот од секој поединец во министерството. Покрај работата во јавната безбедност, извесен период има работено и во УБК. Има учествувано, а голем дел и раководено голем број на крупни операции на МВР кои завршиле со успех. Неговото образование, работно искуство, работливост и посветеност, навлезеност во активностите на МВР како и фактот што го запознав како успешен професионалец со висок интегритет и чесен приод кон работата се причина заради која го предлагам за министер за внатрешни работи на Република Македонија, рече Груевски пред пратениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)



