| четврток, 6 декември 2018 |

„Лебедово езеро“ со првенци на Бољшој театарот вечерва во МОБ

Во рамки на 43-те Мајски опрски вечери, во среда (13 мај) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“.Ремек-делото на балетската класика „Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко.

Во главните улоги ќе настапат: Одета/Одилија ќе настапи Нина Капцова-првенка на Бољшој театарот од Москва, принцот Зигфрид ќе ја толкува Артјом Овчаренко-исто така првенец на Бољшој театарот, Ротбарт ќе го толкува гостинот од Бугарија Дојчин Дочев. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Ѓоѓе Павловиќ од Србија.

Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top