| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал го обнови интересот за Љоренте

Англискиот премиерлигаш Арсенал е заинтересиран во своите редови за следната сезона да го доведе шпанскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Фернандо Љоренте. Напаѓачот не ги оправада очекувањата на фудбалската јавност во Италија и се очекува на крајот на сезоната да го напушти италијанскиот шампион. Арсенал веќе подготвува понуда за услугите на Љоренте и повторно ќе се обиде да го доведе како пред две години кога се обидуваше да го доведе од редовите на Атлетик Билбао каде помина осум години, но шпанскиот репрезентативец се одлучи да го облече црно-белиот дрес на „старата дама“.
Тој досега за Јувентус настапи на 61 средба и постигна 22 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top