| четврток, 6 декември 2018 |

Пирова победа на Баерн, Барселона се пласираше во финалето на ЛШ (видео)

barcelona

Каталонскиот гигант Барселона е првиот финалист во Лигата на шампионите, откако вечерва на реваншот во Минхен загубија со 3-2, но со вкупен резултат од 5-3 беа подобри од Баерн. Барса уште во првото полувреме си го визираше пасошот за Берлин каде на 6 јуни се игра големото финале со двата гола на Нејмар во 15 и 29 минута. Баерн брзо поведе и одлично го започна мечот со гол во седмата минута по ударот со глава на Бенатиа. По почетното водство Баерн продолжи со нападите кон голот, но студениот туш на Алијанц Арена го најави Нејмар.

barcelona 1

Во вториот дел Барселона се повлече на својата половина препуштајќи им ја средината на баварците кои успеаја целосно да го свртат резутатот во своја корист, со головите на Левандовски и Милер во 59 и 74 минута. За да се пласираат во финалето на Баерн до крајот на мечот му беа потребни уште три гола што се чини беше невозможна мисија. Гвардиола по овој пресврт не се обиде уште повеќе да нападне кон голот на Тер Штеген оставајќи ги на клупата Геце и Пизаро. Младиот германски репрезентативец влезе во игра во 87 минута, но беше предоцна за да се направи големо изненадување.

Во втората полуфинална пресметка утре Реал во Мадрид ќе го пречека Јувентус, во обид да ја надополни негативата од 2-1 од првиот меч одигран во Торино.


Bayern Munich vs Barcelona 3-2 All Goals… by gentaa

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top