| четврток, 6 декември 2018 |

Кабинетот на претседателот Иванов го осудува изнесувањето доверливи информации од Заев

иванов

Кабинетот на претседателот на Република Македонија, во врска со изнесувањето информации од  претседателот на политичката партија СДСМ, Зоран Заев, од одржаната седница на Советот за безбедност, ја информира јавноста за следново:

 – Зоран Заев, како претседател на политичката партија СДСМ, беше повикан од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да присуствува на седницата на Советот за безбедност, со цел да биде информиран за деталите и преземените дејства во акцијата во Куманово, како и за безбедносната состојба на државата.

– За Зоран Заев е покренато обвинение за случајот „Пуч“. Македонскиот претседател, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност, а водејќи се од државните интереси, одлучи да го повика Заев да присуствува на седницата на Советот за безбедност.

– Зоран Заев, во согласност со деловникот за работа на Советот за безбедност, потпиша изјава која го обврза да не изнесува какви било информации од одржаната седница.

Сметаме дека во вакви исклучително чувствителни моменти неопходно е одговорно однесување од сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top