Граѓанското движење за одбрана на Македонија соопшти дека стои зад иницијативата за организирање голем народен собир за поддршка на полицијата.
– Во комуникација и на барање на голем број граѓани кои сакаат да ја изразат својата поддршка, се решивме да организираме собири за поддршка во 23 градови во државата. Ги повикуваме сите граѓани, стари и млади и од сите националности, денеска во 19 часот, заеднички и сплотено да ја изразиме нашата поддршка и почит на македонската полиција, да се заблагодариме за нивниот патриотизам, професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и обезбедување на соживот – се наведува во соопштението.
Собирите ќе започнат во 19 часот на плоштадите во Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Струмица, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Ресен, и во Скопје на три локации – во Општина Кисела Вода (месност кај Злате, Општина Гази Баба (плоштад Филип Втори) и Општина Ѓорче Петров (плоштад Делфина-Порта Влае).
Од ГДОМ истакнуваат дека собирите ќе бидат мирни, мирољубиви и дека нема да биде потребно дополнително ангажирање на полицијата, бидејќи, како што велат, никако намерата не е нејзино дефокусирање, туку напротив наша благодарност за нивното несебично залагање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГДОМ Струмица: Господинот „чесен“ што нуди „живот“, Заев, да одговори на неколку прашања (видео)
-
ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)
-
Јовановски: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината
-
ГДОМ: Не може да се тргува со националните интереси поради личен интерес