| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за убиството во Пржино: Сторителот ја претепал мајка си со клоци и боксови

Вчера околу 14 часот било пријавени дека 77-годишната Елица Ј. е пронајдена мртва, објави Press24. Полицијата веднаш излегла на терен. При првичниот увид констатирано е дека на телото на старицата има траги на насилство. Според првичните и се уште неофицијални информации, не станува збор за рани од огнено оружје па нашиот извор од исрагата претпоставува дека жената е убиена со клоци и со боксови. Сепак, ова е неофицијална информација, а обдукцијата ќе покаже кои се причините за смртта на старицата.

Полицијата привела еден осомничен. Како што неофицијално дознава Press24 во полиција се наоѓа синот на убиената Елица роден 1967 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top