Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ упати изрази на сочувство до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов по повод трагичните настани во Куманово, при што загинаа осуммина полицајци.
Невладината организација „Граѓанска алијанса“, како што пренесува „Хина“, ја повика меѓународната заедница да не дозволи повторување на грешките од минатото, да го потврди своето активно присуство во регионот и со силни дипломатски напори да покажа дека е способна да го предводи цивилизираниот свет во 21 век.
Оваа организација оценува дека драматичните настани во Куманово, навестуваат отворање ново поглавје на насилство на врелата балканска почва и дека политиката на меѓународната заедница, која го запре европскиот и атлантскиот интегративен пат на Македонија, придонела за состојбите во земјата и во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иванов упати сочувство до иранскиот претседател по повод катастрофалниот земјотрес
-
Претседателот Иванов упати писмо со сочувство до иранскиот претседател Рухани
-
Сочувство од претседателот Иванов по повод терористичкиот напад во Лондон
-
Телеграма со сочувство до семејството на Зоран Маџиров од Канческа-Милевска