| четврток, 6 декември 2018 |

МОСТ: Регистрирани повеќе од 160 случаи на семејно гласање

Повеќе од 150 случаи на семејно гласање биле регистрирани на повеќе избирачки места низ земјава, соопшти граѓанската асоцијација МОСТ.

Според информациите на МОСТ, најмногу вакви случаи биле регистрирани во општина Пласница, каде што семејно гласале повеќе од 60 пати на гласачките места 0276, 0277 и 0279.

Повеќе од десет случаи на семејно гласање се забележани на гласачкото место 1.583 во општина Радовиш и на гласачкото место 1.906 во село Лабуништа, општина Струга.

Во село Лабуништа на други две гласачки места биле забележани уште педесетина вакви случаи, односно на гласачкото место 1.908 се забележани 14 случаи на семејно гласање, а на гласачко место 1.905  се евидентирани повеќе од 35 случаи.

Повеќе од 35 случаи на семејно гласање, исто така, се забележани и на гласачкото место 1.999 во општина Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top