| четврток, 6 декември 2018 |

Боатенг и Сем ја платија сметката за скромната сезона на Шалке 04

Кевин Принс Боатенг и Сидни Сем добија експресни откази и повеќе не се членови на Бундеслигашот Шалке 04, објави клубот на својот Твитер профил.

Двајцата играчи ќе можат да побараат нова средина, а јасно е дека Боатенг и Сем ја платија сметката за скромната сезона на тимот од Гелзенкирхен. Шалке 04 до неодамна се бореше за настап во Лигата на шампионите, а сега виси и местото што води во Европа Лигата на УЕФА. Шалке 04 има само два бода повеќе од вечниот ривал од рурското дерби, Борусија Дортмунд.

sem

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top