| четврток, 6 декември 2018 |

Хемиската индустрија бара намалување на таксите за регистрација на детергентите

детергенти

Да се преиспита висината на таксите за регистрирање на хемикалиите, детергентите и биоцидите, бараат компаниите – членки на Здружението за хемиска индустрија при Стопанската комора.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, таксите се движат од 200, 300, 500 до 1.000 евра што за компаниите е дополнитетелн трошок. Тие сакаат да го испочитуваат законот кој ги обврзува на регистрација до 1 јуни 2015, но сметаат дека овие суми се превисоки и затоа очекуваат надлежните да им излезат во пресрет.

– Од Агенцијата за лекови добивме информација дека е побарана постапка пред Министерството за финансии за возможност за преиспитување и корекција на таксите. Таа иницијатива беше покрената и од наша страна уште пред две години – истакна претседателот на Здружението Зоран Костовски.

Според него, секаде во светот постојат такви такси, за хемикалиите, како и за голем борј други видови производи, но секоја држава, соодветно на стандардот, ја дефинира висината на таксата.

Фирмите извозници и увозници, маркетите и производителите согласно законот се должни, до 1 јуни годинава да се регистрираат за промет со хемикалии, односно да ги регистрираат централните складови за чување на ваквите производи. Исто така, се обврзани и соодветно да ја означат секоја од хемикалиите (детергент, биоцид) произведена по 1 јуни 2015. Количините кои евентуално ги имаат во залиха, а не се означени, може да се продаваат уште максимум една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top