| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП присилно ќе наплатува радиодифузна такса

ујп

Управата за јавни приходи (УЈП) од 15 овој месец ќе почне со присилна наплата на неплатените сметки за радиодифузна такса, најавуваат од Управата.

УЈП ги повикува граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци за присилна наплата и блокирање на нивните сметки.
– Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на радиодифузната такса, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со безотовинска картичка „Виза“, „Маестро“ и „Мастер кард“ преку Интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ http://etax.ujp.gov.mkРегистрацијата за е-Радиодифузна такса е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до Интернет и е-пошта – порачуваат од УЈП.

Управата им препорачува на граѓаните за проверка на состојбата на долговите и за проверка дека извршеното плаќање е евидентирано, да го користат електронскиот сервис е-Радиодифузна такса или со доказ за извршената уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.

Повеќе корисни информации граѓаните може да добијат преку Инфо-центарот на УЈП на бројот 0800 33 000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top