Андреа Пенезиќ одигра супер сезона во дресот на Вардар и покажа дека е вистинско засилување за македонскиот шампион. Со 102 гола што е извонреден ефект, хрватската репрезентативка е најефикасна во Лигата на шампионите, заедно со одличната Романка во Будуќност, Кристина Неагу.
Двете интернационалки во составите на Вардар и на Будуќност водеа мртва трка и на крајот со идентичен гол-ефект ја минаа целта. Неагу и се радуваше и на титулата европски првак, а за Пенезиќ остана третото место и трофејот за најдобар стрелец во ЛШ, заедно со крилото на Будуќност.
ФОТО: Ѓорѓи Вангелов (ЕКИПА)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



