Великодушен Кинез ги земал неговите 6.400 вработени на одмор во Франција и ги платил сите финансиски трошоци кои изнесувале околу 33 милиони евра
Ли Јинјуан, милијардер и сопственк на мултинационалниот гигант Tiens Group, резервирал сместување во 140 хотели во Париз за повеќе од половина вработени кои работат во оваа компанија, а кои вкупно ги има 12.000. Тие ги посетија историските знаменитости како Ајфеловата кула и музејот Лувр и патувале по Азурниот брег. Со воз патувале до брегот каде што претстојувале во околу 4.760 соби со четири и пет ѕвездички во Монако и Кан.
На крајот на патувањето со кое прославија 20 години од постоење на компанијата, отпатувале во Ница каде со нивните тела формирале најдолга реченица во Гинисовата книга на рекорди пишувајќи „Tiens’dream is Nice in the Cote d’Azur“.
За нивно префрлување од хотелот до шеталиштето во Ница им биле потребни 147 автобуси, јави Индепендент.
Ова е најголемата група која некогаш ја посетила Франција, а сите финансиски трошоци за нивното патување се проценуваат на 33 милиони евра.
Ли Јинуан е 24. на листата на најбогати Кинези, а неговото богатство Форбс го проценува на 1,2 милијарда долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.