| четврток, 6 декември 2018 |

Будуќност ја чека иднината како европски шампион

Ракометарките на Будуќност се нови европски шампионки во ракомет, а до круната стасаа без пораз во целата сезона во Лигата на шампионите. Во финалето во Будимпешта црногорскиот ракометен бренд ја совлада екипата на Ларвик со 26-22, во меч во кој новиот шампион беше убедливо подобар.

Дрим-тимот од Подгорица го реши прашањето на победникот и на новиот европски првак веќе по првото полувреме, по кое имаше предност од 14-8.

buducnost_slavlje

До крајот се беше само рутина за ракометарките на Будуќност, кои ја донесоа втората клупска европска круна во Подгорица. Катарина Булатовиќ, која го предводеше својот тим до тронот направи единствен подвиг освојувајќи ја својата четврта европска титула.

Третото место го освои македонскиот првак Вардар со победа над Динамо Волгоград од 28-26.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top