| четврток, 6 декември 2018 |

Обраќање на премиерот Никола Груевски (видео)

Gruevski press bomba (2) (Custom)

Вчера и утрово, во речиси непрекината 28 часовна борба, според кажувањата на стручните лица во министерството за внатрешни работи, команданти на единиците и лица кои биле активни и за време на борбените дејствија во 2001вата година, македонската полиција ја имаше досега најтешката, најсложената и најкомплицираната операција. Активноста која крајно професионално, одговорно и посветено ја раководеа професионалците во МВР, и во која македонската полиција составена од полицајци од сите етнички и верски заедници, изведе високо професионална, патриотска и херојска акција, успеа да ги неутрализира терористите кои планираа масовни убиства во Македонија, со цел нејзина дестабилизација. За жал, 8 полицајци ги загубија животите – изјави Никола Груевски, претседателот на Владата на Македонија во обраќањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top