
Во изминатите два дена при извршувањето на ваква сложена операција, Македонските безбедносни структури изведоа професионална акција, почитувајќи ги законите и прописите кои се пропишани за извршување на службата, оценува за Република универзитетскиот професор по безбедност Ненад Танески.
– Можеме да констатираме дека истата била добро испланирана и реализирана согласно реалните услови кои ги диктирал теренот. Истовремено, кај припадниците е манифестиран врвен професионализам, готовност, спремност и морал да се одбрани најсветото. Повеќе од јасно дека во случај кога оперативните сознанија укажуваат на ризик по животот и безбедноста на граѓаните, потребно е дејствување во самиот момент, бидејќи оставајќи го проблемот за подоцна би резултурало со огромни штети и загуби, вели Танески.
Професорот цени дека херојството на полицајците и на загинатите припадници, спасило илјадници животи на граѓаните, имајќи во предвид дека цел на терористите било и терористички напади со во кој ќе има масовни недолжни цивилни жртви, како напади на трговски центри, пазари, стадиони, училишта.
– Покрај овие терористите имале цел како и секоја терористичка група, а тоа е предизвикување на инциденти и многу цивилни жртви со цел предизвикување на страв и тензии, со што може да се заклучи декаакцијата била навремена бидејќи мвр дејствувало во истиот момент кога ги лоцирало и ја проценило заканата, вели Танески.
Танески напоменува дека треба да се има во предвид дека ова е најкомплексната акција дури и во регионални рамки гледано во последните дваесетина години.
–
Ова е неспоредливо покомплексна акција гледано во споредба со 2001 та но и во споредба со акциите во регионот. Прво, Нивното сузбивање дотолку е покомплексно што тие биле утврдени во многу неповолен терен, во урбана средина, густо населен терен, со инфраструктура која е интензивна, тесни улички, високи куќи и порти кои го отежнуваат движењето на нашите безбедносни структури. Многу е полесно да се дејствува и неутрализира терористичка група на отворен терен, на пример во планина, отколку во урбана средина каде што потешко се пробива нивното утврдување и нивните тактички препреки и формациска мобилност. Многу е важно да се нагласи дека македонските безбедносни сили се справија со искусна терористичка група која во минатото војувала на неколку фронта вклучувајќи го и Блискиот Исток. Тие издржаа повеќе од 24 часа силен оган од нашите безбедносни сили и даваа жесток отпор, дури и поцена на нивните животи. Повторно ќе нагласам, херојството, солидарноста, моралот и професионализмотна македонските безбедносни сили е за почит, анализира Танески.
Тој исто така смета дека во овој момент треба да се спречи политизацијата на овој настан. Секој што ќе се обиде поинаку да ги толкува настаните очигледно има некој скриен мотив, вели Танески.
– Сите општествени чинители треба да се однесуваат во насока на давање на подршка на македонските безбедносните сили, на подигнување на нивниот морал. Во вакво време потребно е силно да се осудат сите обиди за нивна дискредитација и оцрнување, порачува професорот по безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


