| четврток, 6 декември 2018 |

Валенсија го сопре Реал Мадрид, Барселона пред промоција во шпански првак

Екипата на Валенсија го сопре налетот на европскиот првак Реал Мадрид и направи крупен чекор кон пласман во Лигата на шампионите и ги израдува навивачите на Барселона. На „Сантјаго Бернабеу“, Реал Мадрид и Валенсија одиграа нерешено 2-2, резултат, што не им одговара на „кралевите“ од Мадрид. Валенсија поведе со 2-0 со головите на Пако и на Фуего во првиот дел, а Реал израмни со погодоците на Пепе и на Иско во второто полувреме.

Барселона е лидер во Примера Дивизија со 90 бода, 4 повеќе од Реал Мадрид на две кола до крајот на шампионатот. Атлетико Мадрид е на третата позиција со 76 бода, а Валенсија е на четвртото место со 73 бода. Тие четири екипи ако остане распоредот на табелата како што е во моментов ќе ја претсавуваат Шпанија во ЛШ.

Valencia CF vs Granada CF

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top