| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Велкова: Имаме доволни количини крв од сите крвни групи

Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија располага со доволни количини крв од сите крвни групи, изјави за МИА директорката д-р Емилија Велкова.

– Има многу дарители. Имаме доволно крв од сите крвни групи. Нема потреба луѓето да доаѓаат и да се малтретираат. На оние кои доаѓаат им објаснуваме дека имаме, меѓутоа ако сакаат сепак даруваат крв, рече Велкова, притоа изразувајќи благодарност на сите дарители.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top