ВМРО-ДПМНЕ со голема загриженост ја следи безбедносната состоја во Р. Македонија особено во Куманово во насeлбата Дива населба. Една терористичка група со околу 40 припадници кои што на нашата јавност и на другите соседи и на Меѓународната зааедница им се добро познати за што информиравме пред одредено време. Имаа сценарио за дестабилизација на државата, а нивната намера била напад на повеќе државни институции, установи и пунктови во областа на Куманово и на други места. Навреме се осознаени и нашите органи навреме дејствуваат, истакна Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
ВМРО-ДПМНЕ упатува апел до сите граѓани на Р. Македонија без разлика на нивната етничка, верска или партиска определба на воздржаност и смиреност и во дејствувањето и во примањето на било какви шпекулации или информација.
-Граѓаните на Р.Македонија треба заеднички да се справат со овие проблеми и со овие безбедносни предизвици. Стабилноста на државата нема цена и сите фактори и домашни, меѓународни и политички чинители во Р. Македонија и секој граѓанин на Р.Македонија треба заеднички да работиме за стабилноста на нашата држава, истакна Милошоски.
Ваквото сценарио на дестабилизација или обид за дестабилизација не му одговара на никој разумен граѓанин, политичар, политичка партија или било која етничка заедница, напротив ова може да направи огромна штета на нашата заедничка држава Р.Македонија, посочи тој.
Милошоски во името на ВМРО-ДПМНЕ искажа безрезервна поддршка за припадниците на безбедносните сили кои што и во овој момент профисионално, одговорно и решително ја извршуваат својата задача.
-Им посакуваме, храброст, прецизност и успех во завршувањето на оваа безбедносна мисија. Во безбедносните сили на Р.Македонија имаме припадници и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи и сите тие се подеднакво важно за нас, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)