Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги повика граѓаните на смиреност и присебност во врска со случувањата во Куманово и обидите за дестабилизација на Македонија.
Според него, сега е најважно да му се помогне на цивилното население и да му се обезбеди и гарантира сигурност и безбедност.
– Жртви се граѓаните и Македонци и Албанци, и полицајци и цивилно население. Сега најважно е да му се помогне на цивилното население и да му се обезбеди и гарантира сигурност и безбедност – рече Заев.
Тој упати апел да се стопираат протестите низ Македонија кои се организираат деновиве.
– Апелирам до сите граѓани да ги скротат гневовите коишто ги имаат во душите, предизвикани од актуелните состојби во Македонија, соопштени преку доказите на опозицијата. Убаво е протестите да престанат иако беа самоиницијативно организирани и тоа го знаат сите многу добро. Во овој период и со мислите и со нашите мудри и паметни идеи, заедно сплотено сите граѓани, да придонесеме кон брзо решавање на оваа тешка состојба што не измачува сите во моментов и којашто е многу лоша за Македонија – рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.