Норвешкиот првак Ларвик е прв финалист на завршниот турнир за европската ракометна титула по убедливата победа против Динамо Волгоград во Будимпешта. Норвежанките славеа со 31-22 и речиси рутински се пласираа во финалето, каде ќе играат со победникот од мечот меѓу ЖРК Вардар и Будуќност.
Ларвик ја контролираше играат во текот на целиот меч, на полувреме замина со предност од 16-13, а во продолжението само ја зголемија предноста. За Норвжанките ова е 15. победа во овој циклус од ЛШ и се уште немаат ниту еден пораз, ниту реми и се со максимален учинок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.